Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Прв академски час за бруцошите на Факултетот за туризам и угостителство

Охрид, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се одржи првиот академски час за новите бруцоши на Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид.

Првиот час ќе се одржи во 12:00 часот во просториите на факултетот.

Воедно на ФТУ денес и утре ќе се одржи четвртиот уписен рок со слободни 162 места.

Слободни места:

– Царина и шпедиција: 32 (со школарина)
– Царина и шпедиција (на англиски јазик): 7 (државна квота) – 8 (со школарина)
– Осигурување и менаџмент со ризик: 2 (државна квота) – 25 (со школарина)
– Менаџмент во услужен сектор: 26 (со школарина)
– Туризам: 2 (државна квота) – 28 (со школарина)
– Туризам (на англиски јазик): 8 (државна квота) – 8 (со школарина)
– Гастрономија: 7 (државна квота) – 20 (со школарина)
– Хотелско ресторански менаџмент: 10 (државна квота) – 10 (со школарина). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука