Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Денеска почнува исплатата на пензиите со зголемување од 5,3%

Скопје/Охрид, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска почнува исплатата на пензиите.

Пензионерите ќе земаат повисоки пензии за 5,3 отсто согласно методологијата за раст на пензиите. Од ова зголемување најмногу ќе искористат корисниците на највисоки пензии што според пресметките би изнесувало околу 3.700 денари, а пензионерите со ниски примања на своите сметки ќе добијат само 700 денари плус.

Изминатиот период голем број пензионери излегуваа на протести со барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари со цел да им се помогне во услови на голема економска криза и висока инфлација. Порачаа дека ќе продолжат со протестите се до исполнување на нивното барање. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука