Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана кај 39-годишно лице од Велгошти

Охрид, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 1. октомври 2023 година, во 09:30 часот на улица „15-ти Корпус“ во Охрид, од слобода е лишено 39-годишно лице од охридското село Велгошти.

– При извршен преглед, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука