Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Алек Бимбилоски уште еднаш ги донесе македонските плетенини на светските модни писти

Скопје/Охрид, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Алек Бимбиловски е македонски дизајнер со потекло од Охрид чиишто плетенини повторно го најдоа своето место на светските модни писти.

Откако мега популарната Аријана Гранде минатата година се пофали со џемпер на „Loewe”, од Бимбилоски, плетенините на дизајнерот добија уште поголема популарност, јави порталот fashionel.mk.

Благодарение на „Loewe“ уникатните рачни изработки пак имаа можност да оживеат во форма на шарени и еднобојни џемпери. Бимбиловски на својот Инстаграм профил објави фотографија под хаштагот handmadewithlove мк на која се гледа негов дизајн на плетенина на ревијата на популарниот светски бренд.

Комплетната информација на fashionel.mk ОВДЕ. (Крај)

извор: fashionel.mk фото: fashionel.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука