Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Прилеп поради коментар на Facebook со кој ширело говор на омраза и насилство

Охрид, 2. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 67-годишно лице од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– Тој, на 18-ти март 2023 година, на објава на социјалната мрежа Facebook поставил коментар со недолична содржина со кој ширел говор на омраза и насилство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука