октомври 3, 2023

Охрид, 3. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ денеска од Охрид ќе ја започне кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените!“, во рамките на која секоја недела се предвидени по две теренски посети на општини во рамките на кои ќе се сретне со голем број целни групи и граѓани, а во текот на неделата се предвидени и по две дебати во различни општини.

Од партијата информираат дека напладне првиот човек Христијан Мицкоски ќе се сретне со туристичките работници кај автопатот Кичево-Охрид, по што ќе оствари средба во селото Подмоље кај колекторската станица.

Мицкоски ќе има средба и со група пензионери во центарот на Охрид, а во спортскиот центар „Билјанини извори“ пред неизградениот пливачки базен, ќе оствари средба со претставниците на пливачките клубови. Мицкоски ќе се сретне и со граѓаните на Трпејца за државниот проект за изградба на канализациона мрежа и Пештани, каде ќе изврши увид во изградбата на спортското игралиште. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука