Забава Избор

Наскоро излегува „Tupac Shakur: The Authorized Biography“, првата биографија на Tupac Shakur

Охрид, 3. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти октомври ќе биде објавена првата биографија на Tupac Shakur, одобрена од неговите наследници.

„Tupac Shakur: The Authorized Biography“ е дело на Staci Robinson, која е пријател од детството на Tupac. Книгата е опишана како „трогателно истражување на неговиот живот и моќно наследство, целосно илустрирано со фотографии, спомени, рачно напишана поезија, рефлексии и многу повеќе“.

Со посебна дозвола од неговата мајка, книгата овозможува ексклузивен пристап до приватни тетратки, писма, необјавени текстови и нецензурирани разговори со најблиските.

Tupac беше еден од најомилените светски рапери во раните 90-ти, објавувајќи четири албуми од 1991 до 1996 година кои се продадоа во милионски тиражи.

Беше застрелан во Лас Вегас на 7-ми септември 1996 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука