Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Без вода жителите на улица „Јордан Мијалков“ и селата Лескоец, Велгошти и Горно Лакочереј

Охрид, 3. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Делови од Охрид и неколку околни села денеска без вода.

– Поради настанат дефект на водоводната мрежа со пукната цевка, денес повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Јордан Мијалков“ и селата Лескоец, Велгошти и Горно Лакочереј, информираат од охридски „Водовод“.

Нивни екипи се на терен до целосно завршување со санацијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука