Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Театарската претстава за деца „Трите музички прасиња“ денеска во Охрид

Охрид, 7. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во големата сала на Центарот за култура „Глигор Прчичев“ во Охрид, денеска, со почеток од 12:00 часот ќе се одигра театарската претстава за деца „Трите музички прасиња“.

– Овој детски музички спектакл, ќе биде изведен на големата сцена со професионални маски и одлична изведба на волкот и трите музички прасиња, кои претставата ќе ја збогатат со голем број на новокомпонирани детски песни специјално направени за оваа претстава, па врз основа на тоа слободно може да се каже дека оваа претстава е и мјузикл каде што во еден глас заедно ќе се радуваат најмладите охриѓанчиња, информираат организаторите.

Резервации на билети на телефонот 078/66-77-97. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука