ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Кутии за донации во угостителските објекти, спортски настани, акции… Да му помогнеме на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид

Охрид, 7. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со бројни активности, концерти, индивидуални донации и акции, охриѓани уште еднаш ја докажуваат својата хуманост во знак на поддршка и помош на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид.

Кон акцијата за собирање помош се приклучија и од охридската локална самоуправа од каде заедно со ЈП „Билјанини извори“ донесоа одлука да се донираат собраните средства од хуманитарните паркинзи за помош на Алпај и Лулзим Демирали Лули. Кон акцијата се приклучи и Супер радио од каде за сите компании кои ќе донираат пари за помош, ќе добијат комплетен рекламен пакет во таа вредност, заедно со банери и соодветна промоција на OhridPress и Inpress.

Во повеќе кафе барови, ресторани и останати угостителски објекти во градот се поставени кутии за донации за побрзо собирање на потребните средства.

Сите хумани луѓе кои живеат надвор од Република Македонија можат да помогнат во собирањето на средства за операција на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид и преку Gofundme.

Опции за донирање:

Телефонски броеви за донации:
– Телеком 070/143-424
– А1 077/143-468

Трансакциска сметка за донации: Ozdizhan Mufti

за Македонија:
270-7000234130-33 Halk Banka

за странство:
IBAN code MK07270700027498188
SWIFT EXPCMK22

Информации за донации можат да се добијат и на телефонот: 076/337-337. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука