Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Кошаркарите на ГКК Охрид вечерва премиерно на домашен терен како прволигаши, средствата од билетите ќе се донираат во хуманитарни цели

Охрид, 7. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарите на ГКК Охрид вечерва ќе го одиграат премиерниот натпревар на домашен терен како прволигаши.

Во рамки на второто коло на гости доаѓа екипата на Навико Академија ФМП. Натпреварот ќе се игра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 18:00 часот. Влезот е 100 денари, а средствата од продадените билети ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

На првиот прволигашки натпревар, охриѓани изгубија од Вардар во Скопје со резултат 80-73. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука