Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Хорот Vox Lychnidos денеска настапува на Меѓународниот хорски натпревар во Херцег Нови

Херцег Нови/Охрид, 7. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот градски мешан хор Vox Lychnidos денеска настапува на осмиот Меѓународен хорски натпревар во Херцег Нови.

Ќе изведат четири композиции, а сцената ќе ја делат со хорови од Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Диригентот Бурим Хидри се надева на енергична изведба и освојување на некоја награда.

Следниот месец охридскиот градски хор ќе патува за Романија, на фестивал во Темишвар.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука