Забава Избор

SUPER Fresh music: Troye Sivan – Got Me Started

Охрид, 10. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – По хит-синглот „Rush“ за кој дефинитивно може да се каже дека го одбележа летото, поп-ѕвездата Troye Sivan ја претставува песната наречена „Got Me Started“ која доаѓа во пресрет на излегувањето на новиот албум „Something To Give Every Other“.

Новиот сингл носи препознатлива мелодија и уште еден неверојатен спот, во режија на Gordon von Steiner.

– Пресреќен сум што имам шанса на некој начин да и оддадам почит на песна која е вистинска икона за мене. Музичката продукција ја направи Иан Киркпатрик, кој го сметам за гениј. Ја сакам неговата работа, изјави Troye за новата песна.

Уметникот со австралиско потекло и’ се претстави на јавноста пред речиси една деценија со своето прво EP наречено „TRXYE“, а на само 28 години успеа цврсто да се наметне како глобална ѕвезда на поп музиката.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука