Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Првоодделенката Дафина Митаноска од ООУ „Кочо Рацин“ ја освои втората награда на ликовниот конкурс на тема „Мојот учител-моја инспирација“

Охрид, 10. октомври 2023 (ОРХИДПРЕС) – Дафина Митаноска, ученичка во прво одделение во ООУ „Кочо Рацин“ во Охрид ја освои втората награда на ликовниот конкурс на ЗОН „Учител” на тема „Мојот учител- моја инспирација“.

На Конкурсот, кој беше распишан по повод Меѓународниот ден на учителот 5-ти Oктомври, благодарница за успешно учество доби ученичката Јована Стрезоска.

– Првата награда за моите првачиња и поттик за плодна и успешна учебна година, вели учителката Виолета Петковска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука