Забава Избор

Kim Petras ја изненади публиката со уште едно студиско издание „Problematique“

Охрид, 10. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Само неколку месеци по нејзиниот деби албум „Feed The Beast“, уникатната поп-музичарка Kim Petras ја изненади публиката со уште едно студиско издание наречено „Problematique“.

Станува збор за проект, чиј еден дел непланирано се појави во јавноста претходната година, поради што музичарката се откажа од објавување. Обожавателите кои имаа можност да слушнат што подготвува Kim беа воодушевени, што ја поттикна сепак да ги објави 10-те еуфорични синглови, инспирирани од француската house музика и препознатлив ритам, меѓу кои и „Treat Me Like A Ho“ и „Born Again“, како и соработката „All She Wants“ со иконата на поп културата Paris Hilton.

Оваа година претставува вистинска пресвртница во кариерата на Kim Petras откако таа објави синглови кои соборија бројни рекорди во индустријата, како и соработки со светски ѕвезди, меѓу кои најистакнати беа „Alone“ со рап дивата Nicki Minaj и „Unholy“, за кои таа и Sam Smith освоија Grammy награда за најдобро поп дуо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука