Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Се поставува нов асфалтен слој на улицата „Сатеска“, во населбата „Далјан“

Охрид, 10. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се градежни активности за реконструкција на улицата „Сатеска“, во населбата „Далјан“.

– Се поставува нов асфалтен слој на коловозот во вкупна површина од 1.100 метри квадратни, информираат од охридската локална самоуправа.

Средствата за оваа инвестиција се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука