Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пожар во патничко возило марка „Југо“ на локален пат во населбата „Лагадин“

Охрид/Битола, 11. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 11-ти октомври 2023 година, во 09:30 часот во СВР Охрид, пријавено е дека настанал пожар во патничко возило марка „Југо“ со охридски регистарски ознаки, кое се движело по локален пат во охридската населба „Лагадин“.

– Повредени лица нема, а од извршениот увид констатирано е дека возилото било управувано од страна на 52-годишниот сопственик од охридското село Елшани. Интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица од Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука