Забава Избор

SUPER Fresh music: Take That – Windows

Охрид, 12. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Реномираниот британски бенд Take That најавува враќање на музичката сцена со голема концертна турнеја и деветтиот студиски албум „This Life“, кој се очекува да излезе на 24-ти ноември.

За дополнително да ја прослават добрата вест по долгата музичка пауза, Gary Barlow, Mark Owen и Howard Donald на публиката ѝ го претставија синглот „Windows“, песна со препознатлив вокал и свежа мелодија која означува нов почеток за легендарниот бенд и укажува дека доаѓа ново време полно со енергија, креативност и желба за нови предизвици.

– Беше прекрасно искуство да се вратиме во студио и да работиме заедно на овој сингл. Чувството е како да ги раширите крилјата, да се збогувате со старото и да започнете нешто сосема ново, изјавија Gary, Mark и Howard.

Формирани во 1989 година, Take That имаа огромен успех со нивните први два албума, додека нивното трето студиско издание, „Nobody Else“, ги постави како глобален феномен со повеќе од шест милиони продадени копии и број еден на топ листите во 11 земји. Кога Robbie Williams го напушти бендот, следеше пауза од девет години, сè до 2005 година кога преостанатите четворица членови повторно се обединија за турнејата „The Ultimate“, која беше крунисана како еден од најголемите камбекови во британската музичка историја. „Progress“ во 2011 година ги урна рекордот во Британија за најбрзо продаван албум на 21 век и најбрзо продавана турнеја на сите времиња.

Распадот на бендот остави тројца членови кои денеска се враќаат на сцената посилни од било кога.


Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука