Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и топло време со умерена облачност и температура до 23. степени

Охрид, 13. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес претежно сончево и топло време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 23. степени.

– Во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а релативно топло преку денот. Во текот на ноќта кон понеделник се очекува продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и нагло опаѓање на температурата, особено во северните делови. Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и посвежо со услови за локален дожд. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник јужен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука