Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Градските советници ја одржаа 34. седница со предлот измени на програмите за работа за измена и дополнување на буџетот

Охрид, 12. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Со шеснаесет точки на дневниот ред, денес се одржа триесет и четвртата седница на Советот на Општина Охрид. Сите точки се однесуваа на предлот измени на програмите за работа на локалната самоуправа, со цел измена и дополнување на буџетот.

– Итноста на седницата е можноста да се искористат, а согласно Законот за локална самоуправа и официјалното известување од Министерството за финансии, дополнителни 10 проценти во планирањето на приходи, што изнесува триесет и четири милиони и деветстотини и седумдесет илјади денари. Со донесувањето на овие оклуки, локалната самоуправа ќе покрие дел од тековните обврски кон доверителите, а дел ќе биде поддршка за јавните препријатија, информираат од охридската локална самоуправа.

Со образложение дека седницата не била навременио најавена, четири советници од опозицијата ја напуштија седницата и не учествуваа во денешната работа на советот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука