Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер во посета на Општина Охрид

Охрид, 13. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер денеска ја оствари првата официјална посета на Општина Охрид.

– Денеска имав чест да разговарам со амбасадорот на Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, кој беше во прва официјална посета на Општина Охрид. Една од главните теми на нашата средба беше можноста за воспоставување на соработка помеѓу Охрид и градови од Австрија, како и за зголемување на соработката во областа на туризмот. Разговаравме и за прашања поврзани со урбанистичкото планирање на градот, исполнување на препораките од УНЕСКО, можностите за странски инвестиции и богатото културно наследство во Охридскиот регион. Го запознав амбасадорот со приоритетните инфраструктурни проекти на кои работи општината, како и мерките кои се преземаат за воспоставување на финансиска стабилност на општинскиот буџет, објави градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука