Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

10 години „Екстра чисто, Екстра брзо, Екстра професионално“, 10 години Cleanex Professional

Охрид, 15. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Полни 10 години бројни охридски домови, хотелски и сместувачки капацитети и канцеларии ги користат услугите на охридската компанија Cleanex Professional, која под слоганот „Екстра чисто, Екстра брзо, Екстра професионално“, се грижи да бидат постојано чисти и уредни.

– Ова е особено значаен јубилеј за мене лично, но и за Cleanex Professional како компанија. Поминавме период исполнет со многу работа, многу предизвици, многу успешно исполнети задачи. Воведовме голем број услуги и технологии, односно од компанија која на својот почеток нудеше само една услуга, прераснавме во она што денес голем дел од луѓето и компаниите го знаат за нас, односно да бидеме лидер во хигиената и да бидеме неизбежно присутни во секоја компанија и дом. Во овие 10 години, ние не го достигнавме врвот, само собравме огромно знаење и исуство, докажавме дека сме сериозен партнер на секој клиенти и наредните 10 години ги резервираме за освојување на многу врвови, вели првиот човек на компанијата Дарко Симоноски.


Услугите на Cleanex Professional опфаќаат: сезонски генерални чистења на домови и деловни простории, тековно одржување канцеларии и други објекти, чистења по градежни активности, машинско чистење подови, технологија за перење на големи површини теписи кои не е возможно да се отстранат од местото, чистење стакла на недостапни површини, целосни вешарајски услуги за сите домови и сместувачки капацитети, хотели, мотели, апартмани со бесплатно подигнување и достава од врата до врата, користејќи врвна технологија и сертифицирани еколошки хемиски средства.

Од неодамна член на Cleanex Professional семејството е и Ecowash, од каде нудат комплетен и професионален сервис за хемиско чистење со врвен квалитет.

Честитки на првите 10 и од комплетната екипа на Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука