Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Екипата на ЗРР СК „Св. Апостол Петар“ со одличен успех на двата Куп натпревари во Куманово

Куманово/Охрид, 15. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на Здружението на рекреативни риболовци, Спортски клуб „Св. Апостол Петар“ од Охрид, со одличен успех се враќаат од двата Куп натпревари кои викендов се одржаа во Куманово.

– Викендов се одржаа два куп натпревари на езеро Гого-Монд, одлично организирани од клубовите „Мак-Дам“ и „Пчиња“ од Куманово. На истиот нашата екипа освои прво и второ место поединечно и второ место екипно на купот на „Мак-Дам“. Бистро на сите учесници и уште еднаш браво за одличната организација, порачаа од клубот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука