Избор Локална самоуправа

Заврши реконструкцијата на постојното повеќенаменско игралиште во Подмоље

Охрид, 17. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Подмоље заврши реконструкцијата на постојното повеќенаменско игралиште, зафат кој чинеше околу 600.000 денари.

– Дополнително во склоп на повеќенаменското игралиште е изградено и комплетно ново детско игралиште кое е опремено со соодветни детски реквизити. Исто така, изграден е и нов потпорен ѕид, игралиштето е соодветно обележано, околниот простор партерно уреден, а се поставени и нови клупи, канти за отпадоци и клупи на трибините, информираат од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука