Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Едукативно предавање по повод неделата на борба против дијабетес во Црвен крст Охрид

Охрид, 17. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Црвен крст и годинава традиционално ја одбележа Неделата на борба против шеќерна болест.

Целта е подигнување на свеста на населението, за тоа што претставува дијабетот, колку е застапен во светот и превенција од појава на шеќерна болест преку промовирање на здрави животни навики.

По тој повод, д-р.Соња Стурлакова Димовска вчера одржа едукативно предавање на корисниците и волонтери од програмата – Грижа за стари лица – „Најди време”. Темата беше „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, со цел подигање на свеста за превенција и навремено дијагностицирање на дијабетот кај постарата популација.

На предавањето присутните покрај што се запознаа со ризиците и факторите кои доведуваат до појавата на болеста можеа да добијат и совети во однос на измерената количина на шеќер во крвта по претходно мерење од д-р. Стурлакова Димовска, заедно со волонтери од Клубот на млади при Црвен крст Охрид. На предавањето беше спроведено и анкетно истражување анкета за дијабетот и животните навики помеѓу учесниците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука