Забава Избор

Mae Muller го објави својот долгоочекуван деби албум „Sorry I’m Late“

Охрид, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ѕвездата на овогодинешното издание на Евровизија Mae Muller го објави својот долгоочекуван деби албум „Sorry I’m Late“.

Талентираната музичарка во подем и’ подарува на публиката 17 нумери кои обработуваат теми за љубовта и загубата, преку кои авторката се соочува со сопствените проблеми.

– Толку сум возбудена што мојот албум конечно излезе и не можам да дочекам да го слушнат фановите кои се со мене од самиот почеток. На овој албум покажав една сосема друга моја страна, онаа ранливата, за која претходно не зборував многу, порача Mae за новиот албум.

Минатата година претставуваше голем пресврт во нејзината кариера откако во мај ја претставуваше Велика Британија на Евровизија со песната „I Wrote A Song“, која постигна голем успех и се најде на врвот на музичките топ листи. Следуваа „I Just Came To Dance“ и „Better Days“, на која и се придружија NEIKED и Polo G, која стана глобален хит. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука