Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

МОН објави конкурси за доделување 3.500 ученички стипендии по различни основи

Скопје/Охрид, 18. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерството за образование и наука (МОН) објави девет конкурси за доделување на вкупно 3.500 стипендии од различни области и по различни основи.

Предвидени се 50 стипендии за талентирани ученици/чки од средното образование од областа на уметностите, 100 стипендии за талентирани ученици од средното образование, 150 за талентирани ученици/чки – спортисти/ки, 200 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи, 400 за ученици/чки кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење, 1.500 стипендии за ученици/чки запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование, освен ученици/чките од здравствените струки од јавните средни училишта во Република Македонија (дуални паралелки), 900 стипендии за социјална поддршка на ученици/чки, 150 стипендии за ученици/чки со посебни потреби и 50 стипендии за ученици/чки – деца без родители.

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет месеци за времетраењето на учебната година 2023/2024.

Потребните документи треба да се достават најдоцна до 1-ви ноември, а списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 1-ви декември на интернет страницата на Министерството.

Деталите за сите конкурси може да се погледнат ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука