Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и потопло време со умерена облачност и температура до 19. степени

Охрид, 19. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 19. степени.

– До сабота попладне ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Утре и особено во сабота ќе дува засилен југоисточен ветер кој ќе предизвика значителен пораст на утринската и дневната температура. Од сабота од вечерните часови, преку ноќта и во недела претежно во западните делови од земјата ќе има појава на повремен дожд, краткотрајно пороен и со услови за појава на ретки грмежи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука