Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Осман влезе во јавна војна со претседателот на турската Кошаркарска федерација, Хидајет Туркоглу

Охрид, 20. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – НБА кошаркарот, охриѓанецот Џеди Осман влезе во отворена војна со претседателот на турската Кошаркарска федерација, Хидајет Туркоглу по неуспехот на Турција на претквалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри кој се одржа во Истанбул.

Турција им ги одзеде државјанствата на Скоти Вилбекин и Шејн Ларкин, а на тапет кај претседателот на Кошаркарската федерација, Хидајет Туркоглу е и новиот член на Сан Антонио, Џеди Осман кој е роден во Охрид.

– Имавме средба со Џеди Осман во текот на летото. Тој дојде кај нас и ни рече дека не сака да игра за репрезентацијата. Ние никогаш, никого не сме принудувале да игра за националниот тим. Сите дополнителени информации за тоа што не играше и покрај тоа што не е повреден, треба да се бараат од него, изјави Туркоглу.

Следуваше одговор на Осман, охриѓанецот ја кажа својата верзија на приказната која е поинаква од таа на Туркоглу.

– Досега имам одиграно 178 натпревари за Турција во сите категории и во сите услови се трудев да го дадам максимумот. Последните десет години играм на највисоко ниво, а последните шест и во НБА. Изминатово лето почувствував дека менталниот и физичкиот замор влијаат врз моето здравје. На 2. јуни, за да избегнам било какви компликации пред да биде објавен списокот на селекторот, се сретнав со официјалните лица од Федерацијата и побарав да бидам изземен од претквалификацискиот олимписки турнир, вели Осман.

Комплетната информација на порталот Sport 1 ОВДЕ. (Крај)

извор: Sport 1 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука