ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Томе Љушев- Шпанец со филмот „Трпејца“ освои две награди на 52. Државен фестивал на аматерски филм на Македонија

Кочани/Охрид, 21. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Томе Љушев- Шпанец освои две награди за документарниот филм „Трпејца“ на 52. Државен фестивал на аматерски филм, кој вчера се одржа во салата на Мултикултурниот центар во Кочани.

Љушев ги освои Златните плакети за Документарен филм и за монтажа.

Во фестивалот кој се одржа организација на Кино сојузот на Република Македонија и Народна техника на Република Македонија пред кочанската публика беа прикажани аматерски филмови пријавени на конкурсот за 52. ДФНФ во категориите: документарен, краток игран филм, експериментален, анимиран или едноминутен филм.

На настанот беа прогласени и наградени најдобрите аматерски филмски изработки во сите категории, а одлуката за најуспешните филмови ќе ја донесе жирито во состав: Мишо Нетков, Петре Чаповски и Јане Темелковски.

Ова е само продолжение на успесите на Љушев, кој заедно со Кристијан Љушев беше дел од екипата која го работеше документарниот филм „1.000 години – Сведок на Светлината“. Тој е добитник и на Златен медал на УНИКА за документарецот „Страсна недела – Бигорски манастир“ во 2017 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Томе Љушев

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука