ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

80-годишната Веса од охридското село Вапила полни 50 години работи на железничката станица во Сиднеј: Ќе престанам, можеби, кога ќе наполнам 100!

Сиднеј/Охрид, 24. октомври 2023 (ОХRИДПРЕС) – Ќе престанам, можеби, кога ќе наполнам 100… но можеби нема и тогаш, вели 80-годишната Весела Веса Грујоска, која полни 50 години работи на железничката станица во Сиднеј.Sbs Macedonian

пренесува дека таа работела скоро на сите државни празници, Божиќ и сите останати, веројатно никогаш не зела боледување, а нејзината животна приказна ја слави издржливоста и триумфот на жените мигранти во Австралија.

Родена во македонското село Вапила, во близина на Охрид, таа мигрирала во Австралија со своето семејство во далечната 1970 година. Започнала да работи во фабрика со неделна плата од само 29 долари, а веќе во 1973 година започнала да работи на местото во железницата, каде е и денеска. Иако сè уште не зборува течно англиски јазик, упорната и храбра Веса преживеала благодарение пред се’ на нејзината физичка и емоционална сила.

Нејзините три внуци се посебна радост во нејзиниот живот. Вели дека единствен совет за здрав живот кој може да го даде е да не престанеме да работиме, да продолжиме да се движиме и постојано да бидеме зафатени.

– Ако останете дома, негативните мисли ќе Ви го наполнат умот и ќе Ве доведат до депресија, вели Веса. (Крај)

извор: Sbs Macedonian фото: Sbs Macedonian

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука