Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Шест златни, четири сребрени и десет бронзени медали за нашите Таеквондисти на ИТФ натпреварот „Србија Опен 2023“ во Нови Сад

Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Шест златни, четири сребрени и десет бронзени медали за нашите Таеквондисти на Меѓународниот ИТФ натпревар од А класа „Србија Опен 2023“ кој викендов се одржа во Нови Сад, Србија.

На овај натпревар учествуваа 45 клубови од 15 земји со над 400 натпреварувачи, а Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација ја претставуваа 18 натпреварувачи, две официјални лица, два национални тренери, три асистент-тренери, а правдата ја делеа и четири наши меѓународни судии.

– Миа Танеска во рок од само две недели се закити со 3 златни медали и пехар за најдобра кадетка 10-11 години. Се натпреваруваше во категорија девојчиња 10-11 години спаринг + 50 кг, и форми девојчиња 10-11 години зелен појас, освојувајќи го првото место во двете категории, со што го заслужи пехарот за најдобра кадетка во нејзината возрасна категорија. Марио Крстески кој полека се приближува за критериум за учество на наредното Европско Првенство, освои златен медал во форми сениори за црвен појас, и бронза во борби сениори -57 кг. Елена Јанеска беше и судија и натпреварувач. Се закити со два медали, злато во борби јуниорки 16-17 години -70 кг, и сребро во форми за црн појас први дан јуниорки 16-17 години. Христијана Парулеска учествуваше како судија, а поради повредата од Светското првенство не беше во можност да се натпреварува. Нашите претставници вкупно освоија 20 медали од кои 6 златни, 4 сребрени и 10 бронзени, со што покажаа и ја оправдаја довербата, вели Марјанчо Лазаревски, претседател на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука