Здравје Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ИЈЗ: Пријавени 66 случаи на сезонски грип, во Охрид не се евидентирани заболени

Охрид/Скопје, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот од 9-ти до 15-ти октомври во Република Македонија пријавени се 66 случаи на сезонски грип, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Ова е зголемување за 2,1 пати во однос на претходната недела.

– Заболените лица оваа недела се регистрирани во Дебар – 26, Гостивар – 18, Куманово – 11, Прилеп и Тетово по – 5 и Штип – 1. Во однос на возраста, од 15-64 години регистрирани се 34 лица, од 5-14 – 23, од 0-4 години – 7 лица и 2 лица од возрасната група над 65 години, стои во извештајот на ИЈЗ.

Оттаму потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, особено за ризичните групи граѓани.

Инаку од утре стартува бесплатната и комерцијалната вакцинација против сезонски грип. За охридскиот регион имунизацијата ќе се одвива секој работен ден од 07:30 до 15:00 часот во епидемиолошките амбуланти на Центарот за јавно здравје во Охрид, Струга и Дебар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука