Свечено доделување дипломи на Универзитетот „Св. Апостол Павле“
Охрид, 24. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во амфитеатарот на Универзитетот за информатички науки и технологии (УИНТ) „Св. Апостол Павле“ во Охрид, утре, среда, 25-ти октомври 2023 година, ќе се одржи свечена церемонија по повод новата генерација дипломци.
– Ова е посебна можност заеднички да го прославиме дипломирањето на нашите студенти и да ги поддржиме во нивната образовна цел, потенцираат од Универзитетот.
Церемонијата ќе започне во 12:00 часот. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |