Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Скопје поради коментар на Facebook со кој промовирал и повикувал на насилство

Охрид/Скопје, 26. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 53-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– Тој на 27-ми април 2023 година, по објава од еден портал, поставена на социјалната мрежа Facebook, напишал коментар со содржина со која промовирал и повикувал на насилство, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука