Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Охридските кошаркари утре му гостуваат на Пелистер

Охрид, 27. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Охридските кошаркари утре ги продолжуваат натпреварите во Првата македонска лига.

Во рамки на петтото коло гостуваат во Битола кај екипата на Пелистер. Натпреварот е со почеток во 18:30 часот, а ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“.

Во досегашниот тек на натпреварите охриѓани имаат три порази и една победа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука