Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Полицијата пронајде марихуана и два ножа кај лица од Велес и Охрид на булевар „Туристичка“

Охрид, 27. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 26-ти октомври 2023 година, во 19:35 часот, на булеварот „Туристичка“ во Охрид, лишени се од слобода 20-годишно лице од Велес, со привремен престој во Охрид и 21-годишен охриѓанец.

– При преглед на возило „Опел корса“ со охридски регистарски ознаки, управувано од лицето од Велес, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана и два ножа. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука