Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Обука за наставници од Охрид и Ресен кои сакаат да одржуваат часови по шах

Охрид, 27. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Марјан Митков и Борис Лушески од Шаховскиот клуб „Ласкер“ од Охрид денеска им одржаа обука на 42 наставници од осум основни училишта од Општина Охрид и две основни училишта од општина Ресен кои сакаат да ги одржуваат часовите по шах.

– Оваа година сме „засилени“ со уште еден партнер. Голема благодарност до NLB Banka Skopje која ги препозна нашите напори и ентузијазам да направиме исчекор и да им понудиме на наставниците и учениците можност да изберат да го изучуваат шахот. Набавени се шаховски гарнитури кои ќе ги донираме на училиштата што ќе земат учество на обуките. Благодарност до Општина Охрид за отстапување на салата при општина Охрид каде се одржа обуката. Секое од присутните училишта од Шаховска Федерација на Македонија добија донација комплети шаховски фигури, додека од ШК Ласкер Охрид добија по еден Прирачник за шах, сите учесници добија Сертификати за учество на обуката, потенцираат од ШК „Ласкер“.

Додаваат дека остануваат отворени за соработка за сите училишта, јавни институции и приватни компании кои сакаат да се приклучат кон оваа идеја за имплементирање на шахот како предмет во основните училишта и да им се даде можност на најмладите преку изучување на шахот да ги подобрат своите когнитивни способности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука