Избор Македонија Охрид Празници ТОП ВЕСТИ

Преподобен Ефтимиј Новиот

Охрид, 28. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Православните христијани денес го слават денот посветен на Преподобен Ефтимиј Новиот.

Роден е во Анкира, во 824 година од праведни родители, Епифаниј и Ана. Служеше војска, се ожени и имаше една ќерка, Анастасија. Се подвизуваше строго и долго во Олимписките манастири, а потоа на Света Гора. Извесно време живееше како столпник во близина на Солун. Овде, во околината на Солун, основа еден машки и еден женски манастир.

Се упокои на Свештениот остров близу Света Гора, кон крајот на 9 век. Неговите свети и чудотворни мошти почиваат во Солун. (Крај)

извор: Слободен печат фото: Слободен печат

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука