Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за лице од Гевгелија поради коментар на Facebook со кој ширел говор на омраза

Охрид, 28. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 63-годишно лице од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

– Тој, на 10-ти мај 2023 година, по вест од еден медиум објавена на социјалната мрежа Facebook, поставил коментар со кој ширел говор на омраза, информираат од МВР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука