Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност и температура до 21. степени

Охрид, 29. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. Во вторник и среда наутро понекаде во котлините ќе има утринска магла, а преку денот зголемена облачност. Услови за повремен дожд ќе има во среда и ноќта кон четврток, а потоа преку денот во четврток и позначително намалување на температурата, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука