Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 20. степени

Охрид, 30. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со умерена облачност. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.

– Од утре облачноста ќе се зголеми, а во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне ќе има врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе се намали за околу пет степени. Потоа нов поинтензивен влажен бран се очекува во петок попладне и во сабота, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука