Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Денеска ќе се одржи Tретиот меморијално-хуманитарен марш „Трајан Целески – Тачо“

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Пријателите, семејството и сите кои го познаваа не дозволуваат да озбледи споменот на Трајан Целески – Тачо и го организираат Tретиот меморијално-хуманитарен марш во негова чест.

– После три години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух се се’ уште се инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано. Планинарски марш ќе има и оваа година. По тој повод, денеска, недела, 5-ти ноември 2023 година, Ве покануваме на третиот по ред меморијално-хуманитарен марш кој ќе започне во близина на неговиот дом, на спортското игралиште „Стобекс“ – населба „Видобишта“ – Манастир „Свети Никола“, Велгошти и назад, информираат организаторите.

Додаваат дека патеката е умерена и е во должина од 10 километри во двата правци.

– Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг. Ве молиме со Вас понесете вода, храна како и топла облека. Малолетните лица треба да се во придружба на возрасни. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на ОО „Црвен Крст“ од Охрид. Ве очекуваме, порачуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука