Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со локален дожд попладне и температура до 21. степени

Охрид, 3. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со услови за локален дожд попладне. Ќе дува засилен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 21. степени.

– Под влијание на циклонска активност денес во вечерните и ноќните часови и утре преку денот времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 30 л/м2), а локално поројни и проследени со грмежи. Во недела ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот во западните делови. Потоа, во почетокот на следната работна седмица ќе преовладува стабилно и посончево време, а температурите ќе се задржат релативно високи, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука