Забава Избор

Stephen Sanchez го претстави деби-албумот „Angel Face“

Охрид, 3. ноеомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Младата надеж на поп музиката Stephen Sanchez го претстави својот долгоочекуван деби-албум насловен „Angel Face“ кој носи 13 љубовни песни инспирирани од музиката од 50-тите и 60-тите, вклучувајќи го и наградуваниот хит-сингл „Until I Found You“, како и песните „Death Of The Troubadour“ и „High“.

– Верувам дека овој албум ќе ги зајакне сите оние кои веруваат во судбината, постои за да ги зближи сродните души во вистински момент и се надевам дека песните ќе оживеат некои стари спомени, но и ќе послужат како инспиративна музичка подлога за спомени кои се уште се во нивното создавање, изјави музичарот.

20-годишниот кантавтор се истакнува со својот уникатен звук кој е безвременски и во комбинација со неодоливиот баритон на харизматичниот музичар, како и носталгичните звуци на гитарата, се покажа како полн музички погодок.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука