Забава Избор

По повеќе од една деценија X-Press 2 го објавија албумот „Thee“

Охрид, 3. ноеомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – X-Press 2 го објавија „Thee“, нивниот прв албум со нов материјал по повеќе од една деценија.

Петтиот албум на британските електронски ветерани Rocky и Diesel содржи 11 нови песни, објавени за „Acid Jazz“ како продолжение на нивното LP „The House of X-Press 2“ од 2012 година.

– Помина долго време, а некои од песните се со нас веќе полни 10 години. Беше фантастично конечно да се довршат и да се соберат заедно сите тие нови мелодии кои станаа дел од новиот албум, велат од бендот.

Минатата година ја одбележаа 20-годишнината од хит-соработката со David Byrne во незаборавната „Lazy“.

Апсолутно најдобриот музички избор го имате секојдневно, 24 часа на Број 1 медиумот во регионот, охридското Супер радио. Уживајте во музичкиот избор на еден од нашите дигитални канали – Happy radio: Cafe, Greatest Hits, Top 40 Hits, Македонски хитови, Ex Yu, Dance, Hip Hop, Balkan Mix, Lounge, Мак Класик, Love Songs и Smooth Jazz. Ако музиката е одговорот, прашањето е: Што ќе слушаме денес? Се’ што сакам да слушам на едно место – Клик PLAY и УЖИВАЈ! (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука