Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Бочварски од Охрид: Моделот кој се применува при изградба на патиштата не ги дава посакуваните резултати, потребен ни е нов модел

Охрид, 3. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Моделот кој моментално се применува при изградба на патиштата не ги дава посакуваните резултати и ги пролонгира финалните рокови, ова го истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој се обрати на вториот ден од Првата Конференција за патна инфраструктура што се оддржува во Охрид.

Тој ги потенцираше придобивките од воведувањето на новиот концепт на изградба на инфраструктурата на Коридорите 8 и 10-Д и истакна дека потребата од нов модел е одговор за развој на градежниот сектор, инфраструктурата и севкупно економскиот развој на државата.

– Со новиот концепт за изградба воведуваме паралелно проектирање и градење, каде заштедуваме доста време, наместо како што беше претходно, за да дојдеме до изградба, мораше да имаме проектирано 100 проценти од трасата. Наша цел е забрзување на изградбата на капиталните проекти, но тоа не значи дека нема да бидат квалитетни, напротив, контролните механизми на државата остануваат, тука највеќе се концентрираме на кратење на административните пречки. Ги забрзуваме процедурите, тоа е најважно, зошто видовме до сега како се одвива реализацијата на огромните капитални проекти. Убеден сум дека новиот концепт ќе го даде резултатот, проектите ќе се градат побрзо и граѓаните нема да ги трпат нервозите од задоцнување на изградбата. Овој модел ќе важи за сите државни патишта од национален интерес, не само за автопатите што ќе ги градат Бехтел и Енка, исто така за изградба на железници, гасоводи, ова е нешто кое државата го става на посебна лента од останатите помали проекти, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

На панел дискусијата свои видувања за новиот пристап во градењето даде и Михо Јаневски, заменик претседателот на Здружението за градежништво, индустрија на градежни материјали и неметалите при Стопанската Комора. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука