Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 14. степени

Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес облачно и посвежо време со врнежи од дожд, наместа обилни (над 40 l/m2). Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер.

Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Под влијание на циклонска активност времето денес ќе биде облачно со врнежи од дожд, на повеќе места обилни (над 40 л/м2), локално поројни во форма на невреме со грмежи и засилен, наместа повремено силен ветер од јужен правец (над 70 км/час). Утре ќе дува засилен јужен ветер, а врнежи од дожд се очекуваат кон крајот на денот во западните делови. Потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука