Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Приведен дилер од Охрид, пронајдени 34 опаковки со кокаин

Охрид, 4. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – На 3-ти ноември 2023 година, во 19:35 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид лишија од слобода 33-годишно лице од Охрид.

– По преземени мерки во близина на неговата куќа, тој бил затекнат како од пластична амбалажа зема опаковка со бела прашкаста материја. По извршен дополнителен преглед, на местото биле пронајдени и одземени уште 34 опаковки со бела прашкаста материја. Пронајденото е одземено, а по целосно документирање на настанот, против А.К. ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука