Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 20. степени

Охрид, 5. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес сончево време со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе се искачи до 20. степени.

– Денес ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (наместа со брзина над 70 km/h), а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Потоа во следните два дена ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат во среда, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука